Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Едно лице е повредено во пожар кој попладнево избувна под скопското Кале каде горела сува трева, смет и паркирани автомобили, соопшти МВР.

Според, првичните информации од полицијата во пожарот е повредено едно лице а опожарени се три возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, спроти Градскиот стадион опожарени се пет возила, од кои три се делумно, а две целосно изгорени. Огнот бил гаснет со интервенција на три противпожарни возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 15:40 часот, при што било пријавено дека гори сува трева, смет и паркирани автомобили.

-Со брза интервенција на екипите, пожарот е локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот, информира командантот. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи