Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Иранското раководство сè уште не одлучило дали да учествува во нова рунда преговори со САД, објавија денеска  локалните медиуми откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговите преговарачи ќе бидат во Пакистан утре на нови разговори за завршување на војната.

Додека американската морнарица продолжува да ја блокира Ормуската Теснина, нема да има понатамошни преговори, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со ова прашање.

Но, исто така, агенцијата наведе дека двете страни размениле пораки во последните денови со посредство на Пакистан.

Трамп претходно денеска објави дека американските претставници ќе бидат во Исламабад утревечер за продолжување на разговорите, но нема официјална потврда од Техеран дали таму ќе бидат и ирански преговарачи.

Извори од Белата куќа за ДПА изјавија дека во американската делегација ќе бидат потпретседателот Џ.Д. Венс, кој ги водеше преговорите минатиот викенд во Исламабад, како и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.Но, американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме изјави дека потпретседателот Џ.Д. Венс нема да патува за Пакистан на втората рунда преговори од безбедносни причини, иако првиот дел од преговороте ги водел одлично. 

Разговорите во Исламабад, патем, завршија без конкретни резултати.

 

МИА

 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.1 ° C
8.1 °
8.1 °
88 %
0.2kmh
98 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...