Румениге: Нема да прифатиме ниту една понуда за Олисе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Мајкл Олисе еден од лидерите на Баерн Минхен е голема желба на Реал Мадрид. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, на дело можеше да го види Олисе, во четвртфиналните натпревари против Баерн. Баварците, со две победи, 2:1 и 4:3 се пласираа во полуфиналето.

Баерн се подготвува за утрешниот прв полуфинален натпревар, против актуелниот шампион, ПСЖ.

Во пресрет на натпреварот, потпредседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, говореше на многу теми, а одговри и на прашањето за статусот на Олисе.

Изминатите денови медиумите шпекулираат дека Реал е подготвен да плати 175 милиони евра за неговите услуги.

„Тој е извонреден играч. Исто така, го ценам колку е резервиран и речиси срамежлив кон медиумите. Тоа е реткост во денешно време. Тој е одличен човек, а на теренот е извонреден – начинот на кој игра фудбал е речиси магичен. Затоа не сум изненаден што е неверојатно популарен и ценет од нашите навивачи.

Дозволете ми да ви раскажам една приказна од минатото. Во 2009 година имавме неверојатна понуда од Челзи за Франк Рибери. Во тоа време, тоа ќе беше нов светски рекорд. Отидов со таа понуда кај нашиот тогашен финансиски директор, Карл Хопфнер и кај Ули Хенес.

Разговаравме два часа, обидувајќи се да сфатиме што да правиме. Тој ден донесовме фундаментална одлука: дека во иднина никогаш нема да продадеме играч што ќе ни недостига на теренот. И ова непишано правило важи и денес. За играч како Олисе, нема цена на која би се двоумеле“, рече Карл-Хајнц Румениге.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
12.2 ° C
12.2 °
12.2 °
82 %
0.9kmh
86 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи