Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил.

– Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси, напиша Димитриека Кочоска на ФБ. 

Како Влада и Министерство за финансии, посочи, обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните.

Претходната одлука на Владата за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува во понеделник на 18 мај. Со продолжувањето на рокот и во наредните две недели горивата ќе се продаваат по пониски цени. Воедно во понеделник истекува и рокот на попустот што го два најголемиот увозник на нафтени деривати во земјава ОКТА. ОКТА на најголем дел од бензинските станици во земјава им два попуст од три денари за продаден литар дизел гориво и од два за бензините.

 

МИА





Преземено од: Линк

spot_img
Tetovo
few clouds
9.6 ° C
9.6 °
9.6 °
73 %
2.1kmh
19 %
Sun
13 °
Mon
16 °
Tue
15 °
Wed
17 °
Thu
17 °

Поврзани написи

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната...

Левандовски потврди дека ја напушта Барселона

Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона...

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи...

Фенербахче подготвиле астрономска понуда за Салах

Мохамед Салах наскоро официјално ќе го напушти Ливерпул,...