Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Благо, но сигурно расте довербата на граѓаните во институциите во последните две години, покажува најновата анкета на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Верските заедници, на скала од 1 до 10, уживаат доверба од 5.9, додека војската 6.0. Потоа следуваат медиумите и полицијата, со оценка над 5, а Владата и Собранието се нешто под 5. Судството и Јавното обвинителство се оценети со 3.5 и 3.6.

Најголем пораст има кај перцепцијата на граѓаните за тоа во која насока се движи државата.

Анкетата прави посебен осврт на работата на Собранието. Иако општата оценка за довербата во парламентот, во однос на другите институции, е на средина, сепак оценката за тоа како работат народните избраници сè уште е ниска и изнесува 2.7.

Во анализата се вели дека доминира перцепцијата оти пратениците најчесто ги застапуваат сопствените и партиските интереси, додека интересите на граѓаните остануваат во втор план. Исто така, повеќе граѓани сметаат дека Владата е таа што има контрола врз парламентот, наместо обратно. Пратеничките прашања, иако се најчеста и најдиректна алатка за контрола на извршната власт, за граѓаните не се особено интересни.

Истражувањето е спроведено во периодот од 27 февруари до 10 март 2026 година, преку теренска анкета со 1.002 испитаници на целата територија на државата.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.1 ° C
8.1 °
8.1 °
88 %
0.2kmh
98 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи