Путин одби да се сретне со Зеленски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“.

Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек.

Путин претходно му понуди на Зеленски средбата да се одржи во Москва, а украинскиот претседател го одби.

Тој изјави дека Русија е подготвена за компромиси, во согласност со договорите постигнати на минатогодишниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, додавајќи дека Киев мора да ги прифати за да постигне договор за прекин на конфликтот.

– Секако, украинската страна би сакала да го запреме напредувањето на руската армија, но би било подобро војната да се заврши со согласување со компромисите дискутирани во Анкориџ, истакна Путин.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
86 %
0.1kmh
94 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
11 °

Поврзани написи