Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Европската Унија треба да ја разгледа можноста за привремено ограничување на одредени права на глас за идните нови членки на блокот и за создавање повеќе механизми за заштита на владеењето на правото, се наведува во заедничкиот документ на Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург, во кој Ројтерс имаше увид, пренесува БТА.

Во период кога Црна Гора се надева на членство во ЕУ во 2028 година, а Албанија, Украина и Молдавија притискаат за напредок во нивните евроинтеграциски процеси, меѓу европските влади се водат интензивни дискусии за тоа дали треба да се променат правилата за новите членки.

Дел од престолнините сега бараат ЕУ да развива посилни заштитни механизми за идните членки, делумно и поради искуството на блокот со назадувањето на демократијата во Унгарија под водство на претходниот премиер Виктор Орбан.

Во документот се наведени можните опции што би можеле да бидат вклучени во идните пристапни договори, вклучувајќи нов механизам за мониторинг и заштитна клаузула која би овозможила преземање мерки во случај на сериозно назадување во областите како што се демократијата и слободата на медиумите.

„ЕУ треба да поведе длабока дискусија за можноста за привремени, транзициски ограничувања на правото на глас за новите држави членки, особено во деловите од европското законодавство каде што е потребна едногласност“, пишуваат петте земји, укажувајќи на одлуките за проширување, надворешна политика и буџетот на ЕУ, за кои во моментов е потребна согласност од сите земји членки.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи