Прва победа за Хамилтон во Ферари, катастрофа за Антонели

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ја освои својата прва победа во Ферари, славејќи на Големата награда на Барселона, седмата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. За хамилтон ова е седма победа во кариерата, на патеката во Барселона.

На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и трката во Белгија, кога ја забележа својата последна победа зад воланот на Мерцедес, по дисквалификацијата на неговиот тогашен тимски колега, Џорџ Расел.

За Британецот, првата победа во Ферари е 106-та вкупно во неговата кариера, а тој стана и 11-от возач кој стигна до највисокото ниво на подиумот со три тима во Формула 1. Во таа избрана група се, меѓу другите, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Нелсон Пике и Ники Лауда.

Возачот на Ферари ја прекина победничката серија на Мерцедес, Расел победи во првата трка, а Андреа Кими Антонели потоа беше незапирлив во претходните пет трки.

Младиот Италијанец од трката сеповлече на четирир круга до крајот, поради дефект. Антонели во тој момент ја држеше втората позиција, а поради таа ситуација трката речиси заврши зад виртуелното безбедносно возило.

На крајот, Британецот славеше пред Расел, кој заостануваше повеќе од 20 секунди на целта, додека актуелниот шампион Ландо Норис беше на третото скалило од подиумот.

Хамилтон сигурно ја возеше својата најдобра трка зад воланот на Ферари во Каталуња, а одличната стратегија и околностите му помогнаа да ја искористи можноста.

Британецот менуваше гуми три пати, а голема „помош“ доби од Ферандо Алонсо, кога тој се повлече од трката, возачите возеа под виртуелното безбедносно возило, па Хамилтон доби бесплатен пит-стоп.

Од тој момент, седумкратниот светски шампион само ја зголеми својата предност и никој не можеше да го запре до крајот на трката.

Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Австрија од 26 до 28 јуни.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи