Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема. 

– Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60-80 униформи со боци, шлемови, со чизми за оган – вели Ташков. 

Доброволците пожарникари изминатите два дена при гаснењето на пожарите над населбата Кадидаре и во викенд населбата Кумлак беа рамо до рамо со пожарникарите од ТППЕ-Штип. Поради непристапниот терион нивните теренски возила беа користени за брзо да се пристигне до местата каде што е огнената стихија. Ташков вели дека ДПД-Штип веќе има над 30 членови и секој граѓанин кој има интерес да стане нивен член слободно може да се приклучи. 

– Секој што сака да помогне во гаснење на пожари, за доброто на нашиот град, е добредојден во друштвото. Вратите се отворени за секој што има желба – рече Ташков. 

Инаку поголемиот дел од членовите на ДПД се и членови на оф роуд друштвото, кое низ години им има помагано на пожарникарите при интервенции во планински предели и на непристапни терени. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи