Сојуз на борци Тетово: Да престане лажниот национализам кој прави поделби!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Сојуз на борци Тетово: Да престане лажниот национализам кој прави поделби! Владеењето на правото не е концепт против Албанците!

Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува најостра осуда на манипулативните политички соопштенија, изјави и реакции кои укинувањето на незаконска и неуставна одлука сакаат да го претстават како одлука против сограѓаните од албанско етничко потекло.

Во продолжение е целото нивно соопштение:

Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, но и императив на меѓународното право, подразбира уставност и законитост во работењето на институциите. Советот на Општина Тетово не функционира во замислен простор во кој може да одлучува спротивно на македонскиот Устав и Закон.
Недозволиво и срамно е тие што свесно го прекршиле правото, денес да реагираат бурно на судската одбрана на правниот поредок.

Сојузот на борците апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на ваквите потпалувања на етничките страсти. Живееме во 21 век и треба да градиме современо општество во кое почитувањето како на етничките права, така и на уставот и законите, не треба да се доведува во прашање.

За да ја потенцираме лицемерноста ги прашуваме оние кои жолчно реагираат денес, зошто молчат кога со години сите тетовчани и Албанци и Македонци и Роми и Турци и Срби и останатите го дишат најзагадениот воздух во светот? Каква е оваа селективна грижа?

Време е политичките елити да созреат!

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...