Бецеки суспендиран, нема да вози на ГН на Чешка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Лидерот во кралската класа, во Мото ГП шампионатот, Марко Бецеки, е суспендиран од утрешната трката за Големата награда на Чешка.

Дирекцијата на трката му изрече толку строга казна на возачот на Априлија за неспортско однесување, откако по излетувањето во спринт трката, тој турна и удри стјуард кој се обидуваше да стигне до неговиот мотор.

Во образложението на одлуката се наведува дека таквото однесување е спротивно на интересите на спортот.

Патем, Бецеки излета од патеката на финишот од саботниот спринт, деветтиот во сезоната, кога го држеше петтото место.

Поради таков исход, предноста на италијанскиот мотоциклист падна на 15 поени во однос на неговиот тимски колега Хорхе Мартин.

Неговото неучество на трката во недела во Брно и многу ќе влијае на борбата за титулата во кралската класа. Априлија има право да се жали на одлуката на дирекцијата на трката, а италијанскиот тим накратко им соопшти на медиумите дека ќе дадат информации што е можно поскоро, заблагодарувајќи им се за нивното трпение.

Победата во спринтот во Брно ја однесе Франческо Бањаја на Дукати, пред возачот на Тракхаус Априлија, Аи Огура, и актуелниот шампион Марк Маркез на Дукати.

Бецеки требаше да стартува од четвртата позиција на Големата награда на Чешка, зад Огура, Фабио ди Џанантонио и Бањана, но Маркез ќе ја наследи таа позиција.

Гран При трката во Брно, утре ќе започне во 14 часот.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
8.3 ° C
8.3 °
8.3 °
79 %
0kmh
96 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...