Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика членовите на Долниот дом на Парламентот, или Бундестагот, да ја поддржат планираната пензиска реформа на неговата влада, велејќи дека тоа ќе доведе до „трајна стабилизација на пензискиот систем“.

Зборувајќи во Бундестагот еден ден откако ги доби предлозите за реформа на системот за пензиско осигурување од владината комисија, Мерц рече: „Ова е голем чекор, ако можеме да се согласиме и да го усвоиме заедно тука во Бундестагот до крајот на годината“.

Пред закажаната сесија со прашања и одговори со членовите на Парламентот денеска Мерц упати експлицитен апел до пратениците „сега конструктивно да се вклучат во разговорите“.

– Заедничкиот успех и трајната стабилизација на пензискиот систем во Германија се остварливи, рече Мерц.

Тој рече дека е уверен дека планираните реформи ќе имаат влијание.

„Ќе дадеме многу конкретни понатамошни предлози за тоа како да се подобри пазарот на трудот во Германија и како да се подобри конкурентноста на нашата економија. Ако успееме во ова во коалицијата оваа година како што наведов, со понатамошните чекори што сè уште треба да ги преземеме, тогаш ќе донесеме навистина фундаментална нова одлука за просперитет, за пазарот на трудот и за обезбедување пензии во Германија“, додаде Мерц. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи