Уште еден значаен успех за македонската архитектура и градежништво!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со гордост го одбележуваме успешното завршување и навремено предавање на новата Управна зграда на Стопанска банка, во рамки на проектот Гранд Скопје, реализиран преку извонредна соработка помеѓу инвеститорот MG Fashion, архитектонскотостудио Syndicate Studio и целиот проектен тим.

MG Fashion е компанија со децениско искуство, активна во областа на недвижностите, специјализирана за инвестирање и изградба на комерцијални, станбени и деловни објекти. Во своето работење компанијата посветува особено внимание на зачувувањето и унапредувањето на животната средина, истовремено создавајќи квалитетни, функционални и современи објекти кои нудат комфорен и пријатен простор за корисниците.

mg fashion x stopanska banka 16

Syndicate Studio, архитектонско студио од Скопје, добитник на бројни домашни и меѓународни признанија, уште еднаш го потврди својот лидерски статус во областа на современото архитектонско проектирање. Токму овој објект стана првиот во Северна Македонија што се стекна со престижниот Златен LEED сертификат и е меѓу првите сертифицирани објекти од овој ранг на Балканот.

mg fashion x stopanska banka 15

Ова достигнување претставува доказ дека кога визијата, знаењето, професионализмот и посветеноста се обединети, резултатот е проект што поставува нови стандарди во одржливото и современо градење. Меѓународно признатиот Златен LEED сертификат е потврда за највисоките стандарди во однос на енергетската ефикасност, одржливоста и квалитетот на изведбата.

mg fashion x stopanska banka 18

Овој успех дополнително ги позиционира Syndicate Studio и MG Fashion како лидери во своите области: во проектирањето и во реализацијата на современи, иновативни и одржливи објекти кои создаваат долгорочна вредност за заедницата.

mg fashion x stopanska banka 2

Посебна благодарност упатуваме до надзорот на проектот Metric Design, консултантите Focal од Грција, тимот на Стопанска банка Скопје, како и до сите изведувачи и соработници кои со својата стручност, професионалност и посветеност придонесоа овој значаен проект успешно да биде реализиран.

Заеднички покажавме дека и во Северна Македонија можат да се создаваат објекти кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди!

ПР





Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...