Црн биланс за едно деноноќие во Полошко: Семејно насилство, физички напади и напад врз полицаец во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

На 06.07.2026 во 18:50 часот, во СВР Тетово 28-годишен маж од село во гостиварско пријави дека околу 06:00 часот бил физички нападнат од страна на неговата баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2026 во 20:45 часот во ПС Гостивар, В.С. (43) од Гостивар пријави дека околу 19:00 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“, пред угостителски објект, била физички нападната од лицето Ш.,,Н“. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 06.07.2026 во 21:00 часот во ОВР Гостивар, 28-годишна жена од село во гостиварско пријави дека нејзиниот сопруг Ф.А. околу 18:45 часот во нивниот дом физички и со тврд предмет ги нападнал неа и нивниот 10-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.07.2026 околу 02:10 часот, при асистенција на полициски службеници од ПС Гостивар во Ургентниот центар во Медицински Гостивар, С.Н. од Кичево почнала недолично и агресивно да се однесува, викајќи и фрлајќи предмети, по што и физички нападнала полициски службеник. Таа  е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветен поднесок.

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи