Финалето на СП ќе биде најскапиот спортски настан во историјата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Сумата што навивачите треба да ја платат за да присуствуваат на финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина е нереална.

Овогодишното финале ќе ги сруши сите рекорди, просечната цена на билет на стадионот „Мет Лајф“ ќе биде дури 11.117 долари.

Тоа е убедливо најголемата сума во историјата на спортот, па со 80.663 гледачи вкупната платена сума ќе биде дури 896.730.571 долари. Речиси една милијарда!

Вториот најскап настан е Супербоулот во 2024 година, кога Патрик Махоумс и Канзас Сити Чифс ги победија Сан Франциско Фортинерс со 25:22 во финалето.

Тогаш, просечната цена на билет беше 9.411 долари. На листата има уште еден Супербоул, оној од 2021 година кога навивачите мораа да платат во просек 7.313 долари за да го видат Том Брејди кога последен пат во кариерата го крена трофејот.

Колку овие цени експлодираа за еден фудбалски натпревар најдобро покажува фактот дека просечната цена на билет за третиот натпревар од финалната серија на НБА помеѓу Сан Антонио и Њујорк Никс беше 6.546. Цената за четвртата средба беше 6.308 долари.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи