Нови субвенции за жителите на Карбинци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Според бројот на жители, општина Карбинци влегува во првата група со најмногу жртви и случени сообраќајни несреќи во државата. За да ја зголеми безбедноста на своите сограѓани, локалната самоуправа ќе поднесе иницијатива до МВР за инсталирање на камери од „Save city“, а како мотив младите да не возат без положен возачки испит, градоначалникот донесе одлука да се субвенционираат дел од средствата за добивање на возачка дозвола.

  • Ќе бидат опфатени младите луѓе на возраст од 18 до 25 години, а оопштината ќе го субвенционира трошокот за полагање возачки испит за Б категорија во висина од 10 000 денари по лице. Ќе стимулираме да секое едно младо лице се стекне со возачка дозвола и да се намали бројот на возачи коои управуваат моторни возила без претходно да се стекнат со соодветни документи, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

Во делот на чистата животна средина, општината ќе ги стимулира и сите оние домаќинства кои за огрев ќе користат пелети, како алтернативно гориво за загревање на домовите.

  • Се работи за субвенционирање од 20% или не повеќе од 12 000 денари по домаќинство, додаде Паунов.

Исто така, продолжува мерката за субвенционирање при купување на инвертер клима уред, која даде солидни резултати изминатиот период.

  • Мерка која што досега, во овие три години 130 домаќинства успешно ја реализираа, а тоа значи дека општина Карбинци во тие 3 години врати 2,5 милиони денари директно кон граѓаните, изјави Паунов.

За реализација на мерките, средства се обезбедени од општинскиот буџет, а нивната примена ќе започне по објавувањето на јавните повици.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...