Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Седум ленти не се доволни за да се намалат гужвите на граничниот премин со нашиот јужен сосед. Колоните на Богородица се километарски, а патниците се заглавени со часови, покажуваат назорните камери. Граѓаните се револтирани од чекањето на високите температури.

Дека летната сезона е во полн ек покажуваат и податоците на МВР.

Од 17 јули до денеска напладне, преку граничните премини Табановце и Богородица од државата излегле вкупно 79.899 лица, од кои 18.379 македонски и 61.520 странски државјани. Големиот број патници дополнително го зголемува притисокот врз граничните премини и предизвикува засилен сообраќај и подолги задржувања.

„Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети, за да се забрза протокот на патници се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Поради топлотниот бран тимовите на итната медицинска помош се со полни раце работа. Викендов имале девет колапси.  Лекарите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Високите температури ги засилија и пожарите. Денеска има пет жаришта во околината на Штип, Битола, Василево.

Топлотниот бран ќе трае до вторник, а веќе од среда се очекува пад на температурите и услови за невреме.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи