Во текот на ноќта 21/22.07.2026 во периодот од 00:20 до 01:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле А.Л.(45) од Косово и А.Г.(63) од Албанија затоа што при акциска контрола во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Гостивар и извршени проверки било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој во државата. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
На 21.07.2026 во 09:00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени во изминатиот период на подрачјето на Гостивар. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 09:20 часот во с.Јегуновце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од с.Радуша. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 16:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А.(33) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 58-годишен татко дека пред три дена, по кратка расправија, физички го нападнал. С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 22:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.А.(50) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека, по претходно дадена изјава во Основно јавно обвинителство Тетово, ѝ се заканувал на нејзиното работно место во маркет во Тетово, како и во домот на нејзинито татко. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 21.07.2026 во 19:55 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Ѓ.С.(39) од Тетово. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и учствувала во сообраќајна незгода. Возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.













