Возиња одбра клуб: сензацијата од Мундијалот кариерата ја продолжува во Чиле

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Голманот на Зеленортските Острови и еден од најголемите херои на Светското првенство 2026, Возиња, ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло. Постигнат е усмен договор, а потписот на документите и медицинските прегледи се очекуваат во наредните денови.

Возиња, кој беше без клуб по настапите на Мундијалот, беше поврзуван со бразилски екипи и со Интер Мајами, каде играат Лионел Меси и Луис Суарез, а неодамна пристигна и Каземиро. Сепак, искусниот голман избра да се пресели во Сантјаго и да застане меѓу стативите на Коло-Коло, клуб во кој настапува и Артуро Видал.

„Сакам да играм уште најмалку една или две години, или додека телото ми дозволува. Се надевам дека ќе најдам тим кој ме сака како играч, а не само како маркетиншки потег,“ изјави Возиња.

Возиња беше избран во идеалниот тим на Светското првенство 2026 по избор на навивачите, со освоени 39,6% од гласовите. Во тимот покрај него се најдоа Педро Поро, Лисандро Мартинез, Упамекано, Кукуреља, Родри, Белингем, Олисе, Меси, Мбапе и Халанд.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи