Погачар влезе во историјата: Победи на Тур д’Франс по петти пат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Тадеј Погачар уште еднаш влезе во историјата на велосипедизмот.

Словенечкиот ас по петти пат во својата кариера го освои Тур д’Франс, најпрестижната велосипедска трка во светот, со што се изедначи со најголемите легенди на овој спорт.

Словенечкиот ас рутински ја заврши последната, 21-ва етапа во Париз и со тоа одбрани голема предност во генералниот пласман.

Трката ја заврши 6 минути и 26 секунди пред Белгиецот Ремко Евенепул.

Со овој триумф, Погачар стана петтиот велосипедист во историјата што освоил пет титули на Тур д’Франс.

Пред него, само великаните на овој спорт успеале да дојдат до ваков подвиг. Тоа се: Французите Жак Анкетил (1957, 1961–1964) и Бернар Ино (1978, 1979, 1981, 1982, 1985), Белгиецот Еди Меркс (1969–1972, 1974) и Шпанецот Мигел Индураин (1991–1995).

Сепак, она што го прави успехот на Погачар посебен е начинот и моментот во кој тој стигна до историјата. Словенецот го освои својот петти Тур на само 27 години, многу порано од повеќето легенди со кои сега се наоѓа во исто друштво.

Погачар ги постигна своите победи на различни начини, но она што го издвојува е неговиот стил на возење – напаѓачки, храбар и без калкулации.

За разлика од многу шампиони кои доминираа со специјализирање во одредени области, Словенецот покажа неверојатна разноврсност.

Тој е подеднакво опасен на искачувањата, на хронометарот и во последните фази, поради што веќе со право се смета за еден од најголемите велосипедисти на сите времиња.

Со пет победи на Тур д’Франс, неговото име е веќе засекогаш врежано меѓу легендите, а со оглед на неговата возраст и форма, останува прашањето колку уште граници ќе помести во остатокот од својата кариера.

Уште поимпресивен е фактот дека Погачар има само 27 години, па затоа е јасно дека во годините што доаѓаат би можел да сруши уште многу рекорди и да постави граници што ќе бидат тешко достижни за идните генерации.

За Погачар, границите речиси и да не постојат – небото е граница.





Преземено од: TopSport

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

(Видео) Нејмар направи хаос – Доби црвен картон поради „правилото Винисиус Жуниор“

Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за...

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...