На 27.07.2026 во 12:20 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода К.А.(54) од с.Пирок поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Претходно, во 10:20 часот, Р.С.(43) од с.Пирок пријавил дека околу 10:00 часот во неговиот локал, по кратк расправија, К.А. физички го нападнал и се обидел да го нападне и со остар предмет. Исто така, за време на пријавувањето, синот на К.А. во два наврати отишол во домот на Р.С. и упатувал закани кон неговото семејство за да не го пријавуваат случајот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2026 во 11:00 часот во СВР Тетово, Ж.Н.(54) од с.Брвеница пријавил дека претходниот ден пред угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Б.М. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 27.07.2026 во 18:00 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го приведоа В.Д.(20) од Скопје затоа што се однесувал агресивно и омаловажувал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2026 во 18:30 часот во Клиничка болница Тетово, Р.Б.(57) од Тетово пријавила дека била физички нападната од А.Б., со кого живеат во иста куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.













