Неверојатен медицински случај од Индија ги изненади стоматолозите – од вилицата на седумгодишно момче биле отстранети дури 526 ситни забни структури.
Случајот се случил во 2019 година во Ченај, Индија, кога родителите го однеле момчето во болница поради оток и болка во долната вилица.


По направените прегледи и снимки, лекарите забележале необична маса во пределот на вилицата. Кога хирурзите ја отвориле областа, откриле стотици мали структури слични на заби.
По околу петчасовна операција, стоматолошкиот тим отстранил 526 мали забни формации, со различни големини – од ситни точки до неколку милиметри.


Лекарите објасниле дека не станувало збор за нормални заби, туку за ретка состојба наречена одонтом – бенигна промена при која во вилицата може да се создадат дополнителни забни ткива.
Според стоматолозите, ваквите случаи се многу ретки, а овој останал запаметен по огромниот број на отстранети структури.
По операцијата, момчето успешно закрепнало и било пуштено дома.
Преземено од: Линк













