Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги се до полноправно членство во ЕУ,  ваква порака му пренел шефот на македонската дипломатија Муцунски на средбата со шпанскиот државен секретар Фернандо Мариано Сампедро Маркос кој е во посета на Македонија.

Како што соопштија од МНР по средбата, во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и процесот на проширување.

Ја нагласив важноста од продолжување на соработката со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување. Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредување на практичните форми на постепена интеграција.

Државниот секретар за ЕУ ги слушнал и резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и од шефот на дипломатијата но и од собраниската Комисијата за европски прашања. Евроинтеграциите се приоритет за државата му порачале пратениците, но предупредиле дека однесувањето на Бугарија во однос на проширувањето отстапува од Копенхашките критериуми.

По посетата на Македонија шпанскиот државен секретар за ЕУ ја продолжува агендата со посета и средби со бугарските државни власти.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...