Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. Михаил Цоков бр. 1, секој работен ден од 9 до 15 часот, во рок од два месеци од денот на објавувањето на јавниот повик. Максималниот износ на еднократната парична помош изнесува до 100.000 денари по поднесено барање.

Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување.

-Уште од првиот ден бевме на терен со сите расположливи служби за да им помогнеме на граѓаните во справувањето со последиците од невремето. Паралелно со расчистувањето, подготвивме системско решение за финансиска поддршка на најпогодените. Со објавувањето на јавниот повик започнуваме со конкретна постапка преку која граѓаните ќе можат да аплицираат за еднократна парична помош. Целта е никој да не остане сам во надминувањето на последиците од оваа природна непогода – вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Од Општина Центар велат дека кон барањето потребно е да се приложи документација со која се докажува настанатата штета, како и останатите документи предвидени во јавниот повик.

Постапката ќе ја спроведе седумчлена комисија составена од претставници на Советот и на општинската администрација. Комисијата ќе ги разгледува пристигнатите барања и ќе предложи висина на финансиската помош согласно утврдените критериуми, расположливите буџетски средства и степенот на оштетеност на објектите.

Целосниот текст на јавниот повик, условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...