Манчини на промоцијата се покаја и се извини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Италијанскиот фудбалски тренер Роберто Манчини во своето прво јавно обраќање и се извини на нацијата.

Манчини е повторно назначен за селектор на Италија, која е во голема криза, три години откако ја напушти таа позиција поради профитабилен договор со репрезентацијата на Саудиска Арабија.

„Многу ми е жал. Тоа е како кога ќе ја изгубите жената на вашиот живот. Потоа сфаќате дека сте направиле нешто што не требало да го направите. Затоа ми е жал, многу ми е жал за сè што се случи во претходните три години. Ќе се обидам да ја вратам репрезентацијата таму каде што припаѓа“, рече 61-годишниот Манчини.

Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, што доведе до оставки на претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Габриеле Гравина, и на главниот тренер Џенаро Гатузо во април, кратко по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот.

Манчини ја освои титулата европски шампион со Италија во 2021 година, но во август 2023 година одеднаш поднесе оставка од функцијата, за две недели подцна да ја преземе Саудиска Арабија.

„Тоа беше чисто моја вина“, рече Манчини, алудирајќи на недостатокот на комуникација со Гравина.

Манчини ќе го предводи првиот натпревар по враќањето на клупата на Италија против Белгија во Лигата на нации, на 25 септември на Стадионот „Олимпико“ во Рим.

Манчини додаде дека е свесен дека некои навивачи ќе бидат против него.

„Се надевам дека националниот тим ќе игра доволно добро за да ми простат“, додаде тој.

Манчини беше четвртиот избор за селекторската позиција откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите, додека Андреа Пирло се откажа од трката поради политички контроверзии околу спонзорскиот договор со руска компанија за обложување.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
16.4 ° C
16.4 °
16.4 °
56 %
0.5kmh
66 %
Sat
16 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...