Њукасл плати 30 милиони евра за чешки голман

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Њукасл Јунајтед го официјализираше своето петто засилување во летниот преоден рок. Голот на „страчките“ ќе го брани чешкиот репрезентативец Лукаш Хорничек (24), кој пристигнува од Брага. Англискиот клуб ја активираше откупната клаузула од 30 милиони евра.

Хорничек потпиша петгодишен договор со клубот од „Сент Џејмс Парк“ и веднаш им се придружи на своите нови соиграчи на тренинзите во Шпанија.

Високиот чешки голман (197 см) ја започна својата кариера во својата татковина во јуниорските категории на Пардубице, од каде што замина во Брага во 2019 година.

По години поминати во вториот тим и постепено докажување, Хорничек буквално експлодираше минатата сезона и го привлече вниманието на богатите англиски клубови.

Чехот беше еден од најзаслужните за пласманот на Брага во полуфиналето на УЕФА Лигата на Европа, каде што запиша дури седум натпревари без да прими гол.

Одличните игри му донесоа покана за чешката репрезентација на неодамнешното Светско првенство во 2026 година.

Хорничек стана петтото летно засилување на Њукасл по Базумана Туре (Хофенхајм), Шон Стор (Ајакс), Алаџи Бамба (Монако) и Еван Зауен (Ремс). За овие засилувања клубот од северна Англија потроши околу 150 милиони фунти (околу 176 милиони евра) во овој преоден рок.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
13.2 ° C
13.2 °
13.2 °
69 %
0.4kmh
95 %
Sat
18 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
12 °

Поврзани написи

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...

Мурињо пречкртал тројца играчи во Реал Мадрид

Жозе Мурињо веќе почна да го обликува Реал...

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама

Денеска, на протестот пред кабинетот на премиерот во...

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...