Дињ се врати на „Паркот на принцовите“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Официјализирано е враќањето на искусниот француски лев бек Лукас Дињ во редовите на актуелниот двократен европски шампион Пари Сен Жермен.

Дињ беше меѓу „светците“ од 2013 до 2016 година. Меѓутоа, во тоа време не се сметаше за играч каков што е денес со акумулираното искуство од Англија и Шпанија, па затоа одигра само 30 натпревари за Парижаните.

Во меѓувреме, играше за Барселона, Евертон и Астон Вила, стана член на француската репрезентација и еден од најсигурните леви бекови. ПСЖ го обезбеди Дињ за три сезони, а тој ќе го носи бројот 12 на дресот.

ПСЖ плати 10 милиони евра за овој играч, што беше откупната клаузула во Астон Вила.

Дињ играше и на Светското првенство во Америка, се смета за трагичар на „триколорите“, бидејќи неговата грешка во полуфиналето и овозможи на Шпанија од пенал да го отвори резултатот, а потоа и да победи со 2:0.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
9.5 ° C
9.5 °
9.5 °
93 %
0.8kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
15 °

Поврзани написи