Мурињо брутално искрен за формата на Бернардо Силва

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Жозе Мурињо беше исклучително искрен во критиките кон Бернардо Силва откако Португалецот го имаше својот прв настап за Реал Мадрид.

Во Будимпешта, Реал го победи Ференцварош во пријателски натпревар (2:1), а Бернардо Силва играше за прв пат во дресот на „кралскиот клуб“, откако пристигна како слободен играч од Манчестер Сити, каде што помина девет исклучително успешни сезони.

Силва е еден од оние играчи секогаш добива пофалби за работната етика и она што го прави на теренот, но Жозе Мурињо го критикуваше.

„Тој е многу важен играч за нас. Но, тој несреќник е еден од оние играчи што целосно се исклучуваат на одмор. Тој има корист од тоа во однос на менталната сила, но дојде на многу лошо физичко ниво“, изјави Мурињо за телевизијата на Реал Мадрид.

„Ќе мора многу да се подобри во тој поглед, но секако дека е неверојатен играч“, додаде Мурињо, кој појасни дека дури морал да ја промени позицијата на Силва во тимот за да го компензира недостатокот на форма.

„За време на натпреварот сфатив дека му недостасува сила, па го статвив да игра како „десетка“. Може да игра таму, може да игра на три или четири позиции“, рече Португалецот за својот сонародник.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека...