Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината, да не го загрозуваат сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот и да бидат одговорни и совесни учесници во сообраќајот. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи