Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

spot_img
spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а според сите параметри и сознанија ќе биде 3 до 3,5 проценти, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. 

– Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи треба да влезат во исплата на септемвриската пензија што ќе се земе на 1 октомври – рече Велковски вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој посочи дека засега останува важечкиот член од законот со процентуално зголемување на пензиите кои претходно со линеарното зголемување беа зголемени за 7.000 денари. 

– Дали ќе има дополнителни интервенции, согласно политиките и динамиката како ќе се движат одредени параметри во државата одлуките ќе се носат дополнително. Следното е во март 2027 година. Дотогаш мислам дека има време – посочи министерот Велковски. 

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има раст на пензиите од септември, изјави дека за да се заштитат пензионерите, пензиите ќе растат согласно законот,  наведувајќи дека кога владата ги зголемила пензиите линеарно, тогаш одредени поедини охрабрени од опозициските партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување.

– Да, тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон, рече премиерот Мицкоски.

MИА

MIA





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
19 ° C
19 °
19 °
69 %
0.9kmh
0 %
Sat
34 °
Sun
30 °
Mon
31 °
Tue
30 °
Wed
31 °

Поврзани написи

Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по...

Рафа Леао се сели во Галатасарај

Турскиот шампион Галатасарај постигна договор со Милан за...

Мората ќе игра во Втората шпанска лига

Алваро Мората на залезот на кариерата реши да...