Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Не е битно дали министерот за внатрешни работи е задоволен или не е задоволен од која било одлука на Јавното обвинителство, битно е дали граѓаните на крајот ќе видат правда во оваа сизифовска битка за да ја видиме правдата на крајот на краиштата – изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан за коментар по одлуката на Вишото ЈО да продолжи постапувањето по предметот „Мазут“. 

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Средното полициско училиште „7 Мај“, Тошковски изрази надеж дека ЈО „ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали што се поврзани не само со овој предмет туку и со сите други“. 

– Сѐ со цел, на крајот на краиштата, да ја видиме светлата точка во тунелот, а тоа е да ја видиме правдата што сите ја посакуваме – изјави Тошковски, кој денеска ги поздрави учениците примени во Средното полициско училиште „7 Мај“ по повод почетокот на нивното образование.

Тошковски посочи дека од информациите споделени со него, а поврзани со предметниот случај, „ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени“.

– Јас кажав и претходно дека во согласност со она ко е со мене споделено како информација од страна на оние што работеле интензивно на овој предмет – истражители, кои се дел од Министерството за внатрешни работи, но упатени во работата во рамките на Јавното обвинителство за организиран криминал, а и некои од нив упатени во работата во рамките на Министерството за внатрешни работи во одделот за организиран криминал – информациите што беа споделени со мене, а се поврзани со предметниот случај, навистина сигурен сум дека ќе ја фрапираат јавноста кога ќе бидат споделени со јавноста. Еве толку ќе кажам и ќе ве оставам истрагата да си го каже своето во јавност понатаму – изјави Тошковски.

Вишото јавно обвинителство Скопје вчера ја укина наредбата за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ и го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја продолжи постапката. 

Како што соопштија од Јавното обвинителство, надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство го уважил приговорот на АД ЕСМ против наредбата за запирање на истрагата.

Вишото јавно обвинителство го задолжило ОЈО ГОКК да прибере и анализира дополнителни податоци од повеќе институции, како и да нареди нови вештачења за целосно утврдување на сите околности во предметот и на евентуална кривична одговорност.

ОЈО ГОКК  во мај годинава донесе одлука да ја затвбори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ „Неготино“. Од Обвинителството на брифинг со медиумите образложија дека по спроведената едногодишна истрага, не се потврдиле наводите од кривичната пријава поради што не било утврдено постоење кривично дело што се гони по службена должност. 

Истрагата опфати вкупно 13 лица, меѓу кои и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство, како и повеќе поранешни функционери и службени лица од енергетскиот сектор. Меѓу главните осомничени во предметот вреден 167 милиони евра се и бизнисмените Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“, и Ратко Капушевски, сопственик на РКМ. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...