Мурињо: Чекав брза помош, она момче пред мојата делуваше како да е мртво

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Реал Мадрид останаа без бодови за прв пат оваа сезона, откако беа поразени со 0:1 во Севилја на гостувањето кај Бетис. Херој на домашниот тим беше Трој Парот, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 81-та минута.

Со овој резултат, Реал остана на девет бода и петта сезона по ред остана без победа на гостински терен против Бетис, кој сега има ист резултат како и мадридскиот тим, три победи и еден пораз.

Се очекуваше по натпреварот што ќе каже Жозе Мурињо, повратникот на клупата на Реал. Шпанските медиуми пишуваат дека бил смирен, но и дека испратил неколку „отровни стрели“ кон победничкиот тим.

„Нашите играчи се наивни. Играчите на Бетис беа попаметни од нашите играчи. Успеаја да го навлечат Арда Гулер да добие жолт картон затоа што беа попаметни. Од првиот момент од натпреварот, го фаулираа Феде Валверде силно, тоа беше чист жолт картон, фаулираа толку многу наши играчи, но нашите играчи се многу наивни, веднаш се стануваат, не се обидуваат да извлечат жолти картони на противникот. А Арда, прави мал фаул и добива жолт картон. После тоа, играчите на Бетис почнаа да го бараат за да се обидат да го исклучат“, истакнува Мурињо.

Го критикуваше критериумот за добивање на жолти картони и посочувајќи го однесувањето на играчите на Бетис кои се преправаа дека фаулите се посериозни отколку што всушност беа.

„Она момче таму пред мојата клупа изгледаше како да е мртво… Мислев дека доаѓа брза помош, но на крајот немаше брза помош“.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
82 %
0.1kmh
20 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
8 °

Поврзани написи

ПСЖ замената за Кварацхелија ја најде во Баскија

Хвича Кваратцхелија заработи сериозна повреда на коленото на...

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...