(Видео) Јувентус со петарда го честеше НЕЦ, победи со покер голови на Бешикташ и Палас, историски триумф на Борнмут

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Јувентус со победа го започна учеството во Лигата на Европа. „Старата дама“ го декласира НЕЦ Нијмеген со 5:0 (3:0). Покрај Јувентус и останатите фаворити, вечерва славеа убедливи победи. Изненадување можеби е триумфот на Ференцварош во Глазгов, против Селтик (3:1). Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на Борнмут. Англискиот тим со победа дебитираше во европските натпреварувања. „Црешите“ славеа победа на „Аноета“ во Сан Себастијан, 2:1 против Реал Сосиедад.

Николас Гонзалез ја најави победата на Јувентус против НЕЦ. Аргентинецот погоди по девет минути игра, а шест минути подцна Керим Алајбеговиќ со првиот гол во дресот на Јувентус го зголеми водството.

Во 26-та минута, првеннец во црно-белиот дрес запиша Ник Волтемаде. Германецот реализираше пенал.

Маките на најпријатното изненадување на Ередивизие минатата сезона ги продлабочи Зеки Челик во 75-та минута, по навремено додавање на Рандал Коло Муани.

Французинот влезе во игра четири минути пред тоа, тоа беше само неговиот трет контакт со топката.

Истиот човек стави крај на играта во 82-та минута.

Борнмут ја шокираше „Аноета “со два гола во првите 20 минути, доволно за да ја обезбеди победата и покрај голот што домашните го постигнаа во второто полувреме.

Ференцварош продолжи со импресивни игри во Европа, па откако ги исфрли Војводина, Твенте, Горњик и Трабзон, го изненадија и Селтик во Глазгов – 3:1 (2:1). Поранешниот напаѓач на Војводина, Јусуф Бамиделе, постигна гол и две асистенции во најдобриот меч во кариерата.

Со три гола во првите 34 минути, Кристал Палас рутински го надигра Лех, кој немаше апсолутно никакви шанси на „Селхерст Парк“. Палас победи со 4:0.

Бешикташ го победи Марсеј со 4:1 во Истанбул. Турскиот тим го отвори натпреварот подобро и поведе со убав гол на Факили во 15-та минута. До крајот на полувремето, Марсеј израмни преку Абдала.

Сите дилеми околу победникот црно-белиот тим од Истанбул ги реши за само три минути. Чехот Чернипостигна гол во 56-та, а Муриљо во 59-та минута. И двата пати асистент беше капитенот Кокчу.

Тоа не го промени многу односот на силите на теренот. Бешикташ ја круниса подобрата игра со уште еден гол, а стрелец беше резервистот Поку во 81-та минута.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
8.1 ° C
8.1 °
8.1 °
84%
0.9m/s
71%
Sun
9 °
Mon
11 °
Tue
2 °
Wed
9 °
Thu
10 °

Поврзани написи

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното ремо меѓу Аталанта и Интер

Вистински спектакл приредија фудбалерите на Аталанта и Интер...

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан...

(Видео) Барселона по 0:2 ја потопи „Жолтата подморница“

Фудбалерите на Барселона го победија Виљареал со 3:2...

ПСЖ потврди, Дуе ја заврши сезоната

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен потврди дека, крилниот...

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно...