„Марка“: Винисиус повеќе не е недопирлив

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Винисиус Жуниор полека го губи статусот на еден од најважните играчи на Реал Мадрид, пишува „Марка“. Бразилскиот напаѓач се најде во ситуација каде што неговата промена во хиерархиската позиција во тимот станува сè поочигледна, особено во однос на Килијан Мбапе.

„Марка“, пишува дека Винисиус бил заменет пред крајот на натпреварот трет пат по ред, а против Елче, во драматичната победа 2:3, Бразилецот бил заменет на 20 минути пред крајот на натпреварот. Ова е дополнителен знак за промена во рамнотежата на моќта во тимот.

Бразилецот беше една од главните фигури на Реал во последните сезони, но доаѓањето на Мбапе ја промени неговата позиција. Французинот доби сè поголема улога во тимот, додека Винисиус, според „Марка“, повеќе нема исто ниво на влијание како што имаше порано.

Забележително е дека Винисиус изгуби дел од својата препознатлива ефикасност во последните натпревари. Против Елче, тој не успеа да искористи неколку можности, а по натпреварот самиот призна дека мора да ја подобри реализацијата.

„Не можам да пропуштам толку многу шанси“, напиша Винисиус по натпреварот, признавајќи дека мора да биде подобар.

„Марка“ наведува дека Жозе Мурињо сè уште му верува на Бразилецот, но дека ситуацијата се променила. Винисиус повеќе не е недопирлив, а конкуренцијата во тимот станува поголема.

Доаѓањето на Мбапе го отвори прашањето за нова хиерархија во Реал. Французинот стана играчот околу кого се повеќе се гради тимот, додека Винисиус мора повторно да ја пронајде својата форма за да ја врати позицијата што ја имаше во последните години.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
9.8 ° C
9.8 °
9.8 °
79%
2m/s
66%
Mon
11 °
Tue
1 °
Wed
9 °
Thu
9 °
Fri
9 °

Поврзани написи

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното ремо меѓу Аталанта и Интер

Вистински спектакл приредија фудбалерите на Аталанта и Интер...

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан...

(Видео) Барселона по 0:2 ја потопи „Жолтата подморница“

Фудбалерите на Барселона го победија Виљареал со 3:2...

ПСЖ потврди, Дуе ја заврши сезоната

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен потврди дека, крилниот...

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно...