Фотографија објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ предизвика реакции кај граѓаните, откако на неа се гледаат возила паркирани долж ѕидот на Зоолошката градина во Градски парк во Скопје.
Според објавата, фотографијата е направена вчера, за време на викендот, а за да влезат возилата во овој дел од паркот била крената рампата. Забележливо е и дека поголем дел од автомобилите биле со странски регистарски таблички.
Преземено од: Линк













