Надал ми беше идол, но Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Карлос Алкараз никогаш не ја криел почитта што ја има кон Рафаел Надал, но не ги става емоциите кон својот сонародник пред резултатите кога зборува за најдобриот тенисер во историјата.

Во разговор за Би-Би-Си, шпанскиот ас јасно го одвоил својот идол од детството од играчот кој ја носи титулата најголем на сите времиња.

„Ако ги погледнеме бројките, без сомнение Новак Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња“, рече Алкарас.

Тој објасни дека како дете се угледувал на Надал и сакал еден ден да стане играч како него, но дека сè што постигнал Ѓоковиќ е одлучувачки аргумент. Особено нагласи дека српскиот тенисер успеал да ги освои најголемите трофеи и подвизи неколку пати.

Бројките ги потврдуваат зборовите на Алкараз. Ѓоковиќ има рекордни 24 трофеи од Гренд Слем, 40 титули од Мастерс турнирите и 428 недели на врвот на АТП листата. Тој е единствениот тенисер кој ги освоил сите Гренд Слем, сите девет Мастерси и Финалниот турнир најмалку двапати, а ја комплетира својата колекција со олимписко злато.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи