Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Њујорк вчера се одржа прием во чест на 35 годишнината од независноста на Македонија. На настанот присуствуваше и високата владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, дипломатски претставници, видни Македонци и претставници на други етнички заедници од дијаспората.

– Би сакал да се заблагодарам на сите што се оваа вечер овде со нас. Ви благодарам за се што правите за Македонија. Минатото никогаш не треба да го заборавиме, секогаш треба да си спомнеме за него, да учиме поуки и да не ги повторуваме грешките од минатото. Македонија е вашата татковина. Вратата дома секогаш ви е отворена. Целта на оваа македонска Влада е што повеќе македонски граѓани да се вратат во својата татковина, таму да инвестираат, таму да ја градат иднината на своите семејства, и таму да се грижат, заедно со Македонците и со останатите наши сограѓани за иднината на Македониј. дојдете, инвестирајте, создавајте во вашата татковина – изјави премиерот Мицкоски.

Пред собраните видни Македонци од дијаспората, и странски гости, премиерот Мицкоски ја претстави економската состојба во Македонија, пред се со фокус на високата стапка на раст на економијата.

– Во моментот можеби имаме најстабилна Влада во Европа, со отприлика двотретинско мнозинство во Парламентот. Таа стабилност гарантира реформи и испорака на економски резултати – изјави премиерот Мицкоски, посочувајќи го растот на бруто домашниот производ од 4.3 проценти.

Од друга страна, во услови кога на границите на Европа се водат жестоки војни, војната во Украина, кризата во арапскиот залив, енергетска криза каква што човештвото не памети. Сепак состојбата кај нас е прилично стабилна. Македонија е се што имаме и затоа вреди да се бориме за нејзино подобро утре. Ја очекувам вашата поддршка заеднички да ја исцртаме иднината за нашата татковина и на граѓаните кои што живеат таму – изјави Мицкоски.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
9.8 ° C
9.8 °
9.8 °
79%
2m/s
66%
Mon
11 °
Tue
1 °
Wed
9 °
Thu
9 °
Fri
9 °

Поврзани написи

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното ремо меѓу Аталанта и Интер

Вистински спектакл приредија фудбалерите на Аталанта и Интер...

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан...

(Видео) Барселона по 0:2 ја потопи „Жолтата подморница“

Фудбалерите на Барселона го победија Виљареал со 3:2...

ПСЖ потврди, Дуе ја заврши сезоната

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен потврди дека, крилниот...

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно...