Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Над 100 милиони евра ќе чинат владините мерки за поевтино гориво. Во државната каса се собираат помалку средства од акцизи и ДДВ па затоа премиерот најави уште еден можен ребаланс на буџетот до крајот на годината.

-Очекуваме до крајот на годината да бидеме пократки 6-7 милијарди денари во однос на тоа што сме го планирале. Тоа нас ќе не чини како Буџет, според нашите пресметки, само по основ на акцизи некаде околу 5 милијарди денари, што за економија како нашата и буџет како нашиот е огромна жртва“, истакна Мицкоски додавајќи дека поради намаленот ДДВ, односно данокот на додадена вредност, таа бројка ќе биде уште поголема.

Дополнително загрижува неизвесноста околу испораката на нафта, но и цената на светските берзи, која се движи над 100 долари за барел. Сепак, Мицксоки очекува инфлацијата да се задржи на стабилно ниво и да биде под европскиот просек.

Од министерството за финансии без одговор кога може да се очекува новиот ребаланс и колку би изнесувал буџетскиот дефицит. Министерката за финансии деновиве од Њујорк изјави дека ако се одлучат има нов ребаланс – дефицит би се задржал на проектираното ниво од 4,1% од БДП , односно околу 753 милиони евра.

Според достапните информации од финансии, вкупните расходи заклучно со  вчера изнесуваат околу 4,9 милијарди евра или нешто над 70% од планираните трошоци до крајот на годината  веќе се потрошиле. Вкупните приходи пак изнесуваат околу 4,2 милијарди евра или 68% од предвидените.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
75 %
1.3kmh
39 %
Sun
15 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...

Србија утре избира нов парламентарен состав

Речиси 6,5 милиони луќе утре имаат право да...

(Видео) Наполи водеше три пати и не успеа да ја победи Рома

Фудбалерите на Наполи и Рома одиграа нерешено 3:3...

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“,...