(Видео) Ѓоковиќ се бори за трофејот во Пекинг, Медведев дисквалификуван

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по маратонски два сета во полуфиналето на турнирот во Пекинг го елиминираше Данил Медведев.

Спектакуларниот меч имаше неверојатна завршница. Медведев беше дискваллификуван.

Ѓоковиќ водеше со 7:5, 5:3 и сервираше за пласман во финалето. На 15-15, по тој втор поен во деветтиот гем од вториот сет, Медведев откако не успеа да ја стгне топката, ја удри, но за жал погоди еден гледач во око.

Штета за полуфиналето, не мораше да заврши на ваков начин бидејќи двајцата тенисери одиграа извонреден меч.

Ѓоковиќ го доби првиот сет по 80 минути игра, со пресврт, бидејќи Медведев прв направи брејк. Србинот го врати брејкот, а потоа во 12-от гем направи уште еден.

Во вториот, Медведев беше тој што притискаше, но не успеваше да зададе удар. Ѓоковиќ направи брејк во шестиот гем, Медведев возврати, но потклекна веднаш во осмиот.

На крајот реализацијата на брејк шансите го реши победникот, Медведев искористи само две од 18, а Ѓоковиќ од 10-те искористи четири.

Утре од 13 часот по македонско време, Ѓоковиќ се бори за седмата титула во Пекинг. Негов противник ќе биде Алекс Де Минор.

Foto/ Depositphotos





Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
12.9 ° C
12.9 °
12.9 °
75 %
0.1kmh
76 %
Sat
13 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
9 °

Поврзани написи

Жоржињо паднал на допинг тестот?

Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен...

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет...