МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерството за здравство вложува напори вакцините против сезонски грип да бидат што побрзо обезбедени, за вакцинацијата на ранливите категории граѓани да почне според планираното.

Проблемот, велат е глобален поради промена на соевите на вирусите во нивниот состав, поради што било одложено производството на вакцините. Од МЗ очекуваат во текот на месецов да бидат обезбедени вакцини преку меѓународни канали. 

– На објавениот тендер за набавка не пристигна ниту една понуда – причината е проблем во производството на глобално ниво, а не во нашата постапка. Оваа година, првпат одеднаш се променети сите три вирусни соеви во составот на вакцината (два за грип А и еден за грип Б). Светската здравствена организација и американската агенција ФДА ги ажурираа трите соеви заедно, што го одложи почетокот на производството кај производителите ширум светот – информираат од Министерството. 

Оттаму потенцираат дека се во постојана комуникација со земјите од регионот и пошироко и дека се очекува наскоро, во текот на овој месец да бидат обезбедени вакцини преку меѓународните канали.

– Вакцинацијата останува најсигурна заштита од тешки облици на грип и компликации, особено за хронично болните, постарите лица и бремените жени. За секој напредок граѓаните ќе бидат навремено информирани – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
9.8 ° C
9.8 °
9.8 °
79%
2m/s
66%
Mon
11 °
Tue
1 °
Wed
9 °
Thu
9 °
Fri
9 °

Поврзани написи

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното ремо меѓу Аталанта и Интер

Вистински спектакл приредија фудбалерите на Аталанта и Интер...

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан...

(Видео) Барселона по 0:2 ја потопи „Жолтата подморница“

Фудбалерите на Барселона го победија Виљареал со 3:2...

ПСЖ потврди, Дуе ја заврши сезоната

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен потврди дека, крилниот...

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно...