Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази своето незадоволство што не ја доби Нобеловата награда за мир, нарекувајќи ја одлуката срамна и понижувачка и обвинувајќи дека со неа е фрлена дамка врз Норвешка, каде што е седиштето на Нобеловиот комитет.

Трамп остро ја критикуваше Норвешка неколку часа откако Комитетот ја додели годинашната награда на Нави Пилај, поранешна судијка во Меѓународниот кривичен суд, која го предводеше изготвувањето на извештајот на Обединетите нации во кој се заклучува дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа.

За време на предизборниот митинг во Сиракуза, Трамп ја нарече Пилај „непозната личност“.

-Никогаш не сум слушнал за таа личност. Никој не слушнал – изјави американскиот претседател.

-Тоа е неизбришлива дамка врз Норвешка и врз луѓето што донесоа таква срамна и понижувачка одлука – додаде тој.

Тој наброја повеќе конфликти во чие решавање тврди дека имал улога, наведувајќи дека помогнал да се спречат војни меѓу Северна и Јужна Кореја, меѓу Јапонија и Северна Кореја, како и меѓу Кина и Тајван.

„Нобеловата награда за мир е засекогаш дискредитирана од мал број радикални идеолози кои се противници на демократијата и, всушност, се непријатели на цивилизацијата. И ние нема да заборавиме, Норвешка“, изјави Трамп.

Инаку, секоја година од својот претседателски мандат Трамп изразуваше разочарување што не ја добил оваа престижна награда.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Ново судење...

Бенјамин Шешко ќе отсуствува до крајот на годината

Манчестер Јунајтед, по синоќешниот дебакл во Комо, пораз...