Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег биле затекнати од неповолни временски услови по што побарале помош на Единствениот број за итни повици 112.

Центарот за управување со кризи информира дека тие се безбедно евакуирани во координација со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово.

– По проверката на пристапноста до локацијата, утврдено е дека од македонска страна пристапот е единствено пеш, при што, поради временските услови, за пристигнување до објектот се потребни повеќе од шест часа во еден правец. Хеликоптерскиот пристап од наша страна не е возможен поради дождот и маглата. Од косовска страна, пак, постои пристапен пат од скијачкиот центар Брезовица до објектот каде што се засолнети лицата, посочува ЦУК.

Веднаш по добивање на пријавата, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Тетово ги известил надлежните служби, а со оглед на попристапниот терен од косовска страна, како најсоодветно решение било оценето лицата да бидат преземени со возило преку пристапниот пат од страната на Косово.

– Во текот на координацијата остварен е контакт и со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово. Во 11:45 часот, Дежурниот оперативен центар при ЦУК воспостави директна комуникација со едно од лицата преку телефонски разговор и СМС-порака, при што беше информирано дека екипа од Косово ќе пристигне за нивно безбедно извлекување. Според информацијата добиена во 14:21 часот од косовската служба за пребарување и спасување во планина, нивните екипи биле во постојана комуникација со лицата. Потврдено е дека двајцата странски државјани се во добра здравствена состојба, а нивното извлекување се очекувало околу 16:00 часот, информира ЦУК.

Во 16:50 часот, Центарот за управување со кризи добил информација дека двајцата странски државјани се пронајдени во добра здравствена состојба и се транспортираат кон локација во Штрпце, Република Косово.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...