Јегуновце со отчет за една година работа: Реализирани проекти и најави за нови инвестиции во 2027 година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, од населеното место Жилче презентираше отчет за сработеното во изминатата година, истакнувајќи ги реализираните проекти, подобрувањето на комуналните услуги и активностите за заштита на животната средина. Воедно, најави продолжување на инвестициите и реализација на нови проекти во 2027 година.

img 9273

На средбата беше посочено дека во изминатите 12 месеци се реализирани повеќе проекти во населените места во општината, финансирани од општинскиот буџет и со поддршка од централната власт.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека реализираните активности придонесуваат за подобрување на условите за живот и создавање почиста, поуредена и попријатна општина за сите граѓани.

img 9274

„Проектите што ги реализиравме се видливи и претставуваат значаен придонес за подобрување на условите за живеење во Општина Јегуновце. Сакам да им се заблагодарам на вработените во општината, на советниците и на јавното претпријатие за нивниот придонес во реализацијата на активностите во изминатата година“, истакна Костадиноски.

img 9276

Тој најави дека и во наредниот период ќе продолжи реализацијата на проекти од интерес на локалното население, со очекување дека преку општинскиот буџет и поддршката од централната власт, во 2027 година ќе бидат реализирани дополнителни инвестиции.

img 9275

Како што посочи градоначалникот, целта е да се реализираат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на сите жители, без разлика на нивната возраст, верска или етничка припадност.

Отпадот и загадувањето на Вардар остануваат предизвик

Една од темите на кои Костадиноски се осврна е управувањето со комуналниот отпад и проблемот со незаконското одлагање отпад на потегот меѓу Општина Јегуновце и Општина Желино.

Од општината информираат дека домаќинствата се опремени со канти и дека комуналниот отпад редовно се собира. Сепак, сериозен предизвик претставува несовесното одлагање комунален и градежен отпад во тампон-зоната меѓу двете општини, особено во близина на течението на реката Вардар.

„Во овој период се соочуваме со проблем на несовесно одлагање отпад на потегот меѓу Јегуновце и Желино. За состојбата се известени сите надлежни институции, меѓу кои МВР, комуналниот инспектор и инспекторот за животна средина. Се надевам дека преземените активности ќе завршат успешно и дека овој проблем конечно ќе биде решен“, посочи Костадиноски.

img 9278

Од општината очекуваат преземените мерки да придонесат за спречување на понатамошното загадување и за трајно решавање на проблемот со незаконското одлагање отпад на оваа локација.

Целта е да се обезбеди почиста и поздрава животна средина за жителите на Јегуновце и околните населени места, како и да се заштити реката Вардар од дополнително загадување.

Со отчетот во Жилче, градоначалникот Димитар Костадиноски ги презентираше досегашните активности и ги најави плановите за наредниот период, со акцент на инфраструктурниот развој, унапредувањето на комуналните услуги и заштитата на животната средина.

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...