Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Обвинителката Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со 64 гласа од обвинителите Хаџи Василева победи во трката во која влегоа уште четворица кандидати. Според преброените гласови , трката била тесна меѓу Хаџи Василева и обвинителот Пеливанов за кого гласале 57 колеги.

Според Советот, од вкупно 187 јавни обвинители со право на глас, гласале 175, додека 12 не го искористиле своето право на глас. Четири гласачки ливчиња биле неважечки.

Обвинителкатаа Хаџи Василева треба да го наследи Ислам Абази, чиј мандат завршува кон средината на идниот месец откако стапи на функцијата во 2022ра година.

Искра Хаџи Василева во моментов го застапува обвинението во судскиот предмет против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот и перење пари, откако беа откриени 350 илјади евра скриени во ѕидот на неговите родители во Неготино.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
7.8 ° C
7.8 °
7.8 °
89 %
0.3kmh
99 %
Thu
13 °
Fri
12 °
Sat
11 °
Sun
9 °
Mon
10 °

Поврзани написи

(Видео) Руљи херој, Сити на пенали го елиминира Брајтон

Манчестер Сити избори пласман во четвртфиналето, во Лига...

Спорт Билд: Ливерпул сака Вушковиќ да го наследи Ван Дајк

Ливерпул е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ...

Седум нови судии обвинети за местење натпревари во Грција

Скандалот што ја потресе грчката кошарка доби ново...