Барселона го декласира Алавес

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Барселона го победи Алавес со 6:1 на „Камп Ноу“ во 11-то коло од шпанската Ла Лига. Екипата на Ханси Флик водеше со 4:0 на полувремето.

До убедливата победа Каталонците ги предводеа Рафиња, Ламине Јамал, Фермин Лопез и Ентони Гордон, додека единствениот гол за гостите го постигна Маријано Дијаз. Со убедлива победа Барселона одговори на поразите во дуелите со ПСЖ и во Лигата на шампионите и Реал во Ла Лига.

Со оваа победа Барселона се врати на челната позиција во Ла Лига.

Барселона стигна до 30 бода, второпласираниот Атлетико Мадрид има 28, додека Реал Мадрид е трет со 24 бода и натпревар помалку. Алавес остана на десеттото место на табелата со 12 бода.

Наредниот викенд Барселона ќе му гостува на Атлетико во Мадрид.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
7.4 ° C
7.4 °
7.4 °
93 %
1.1kmh
100 %
Sun
9 °
Mon
11 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
7 °

Поврзани написи