Раул Бланко Гонзалез ќе стане тренер на фудбалскиот тим на Реал Овиедо, објави шпанскиот весник „Ас“.
Легендарниот капитен на Реал Мадрид ќе ја преземе тренерската функција наместо Џулијан Калер, кој ќе биде отпуштен и покрај победата на тимот против Кадиз (2:1).
Причината за отказот е поразот и елиминацијата од Купот на Кралот против тимот од четвртата дивизија Нумансија.
Овиедо, минатата сезона се врати во Ла Лига, но експресно испадна.
Како што објавува „Ас“, Раул ќе го има своето деби на клупата на Овиедо оваа сабота на натпреварот против Џирона.
Foto/ Depositphotos
Преземено од: TopSport











