Премиерот најави три нови мерки за младите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


20 проценти поевтина цена од пазарната при купување на стан за брачните двојки до 35 години, ослободување од комуналии за оние кои ќе градат сопствена куќа и привилегии за студентите со новата апликација.

Премиерот најави три проекти на 35-годишната конференција на Унијата на млади сили, со кои, како што посочи, треба да се олесни решавањето на едно од најголемите животни прашања на младите – обезбедувањето сопствен дом.

Првата мерка предвидува секоја градежна компанија што ќе гради станбена зграда да мора да одвои најмалку 10 проценти од станбените единици за млади брачни двојки до 35 години, по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната.

Ова ќе биде законска обврска и услов за добивање дозвола за градба, без разлика каде во државата се реализира проектот.

Втората мерка е наменета за младите кои сакаат да изградат сопствена куќа. Нема да плаќаат комуналии без разлика каде и да се одлучат да го изградат домот.

Предвидено е ослободување од плаќање комуналии на кое било место во Македонија.

Третата пак мерка се однесува на студентите, кои со новото системско решение и користење на апликацијата ќе имаат привилегии при купување на различни производи.

Младите треба да останат во државата и да ја градат иднината дома порача од говорница, лидерот на УМС, Тодор Конески.

Мицкоски најави дека започнува и кампањата Очи во очи со граѓаните.

Најави дека ќе го посети секој општински комитет за да ги слушне проблемите на граѓаните.

Денешната конференција ги собра младите приврзаници на партијата од сите градови, присутни беа министри и други фунцкионери.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.2 ° C
10.2 °
10.2 °
78%
3.1m/s
86%
Mon
9 °
Tue
2 °
Wed
9 °
Thu
8 °
Fri
11 °

Поврзани написи

Диего Симеоне влезе во историјата на Ла Лига

Атлетико Мадрид победи кај Хетафе со 3:0 и...

Покетино по дебаклот на дебито: Многу болно

Аргентинецот Маурисио Покетино, по дебаклот против Ливерпул, сфати...

Мицкоски за насилството врз жените – Шокиран сум!

„Шокиран сум од низата случаи на насилство врз...

(Видео) Атлетико се прошета низ предградието на Мадрид

Атлетико Мадрид го победи Хетафе со 3:0 на...