Федерика Брињоне ја заврши кариерата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Федерика Брињоне стави крај на богатата кариера во алпското скијање. Италијанската скијачка федерација сподели видео во кое двократната олимписка шампионка ја објави тешката одлука.

„По овие два дена на снегот, сфатив дека ногата сè уште не ми е добро. Прво, премногу ме боли. Затоа решив да ја завршам спортската кариера и повеќе да не се натпреварувам, иако тоа е многу тешка одлука“, рече 36-годишната Брињоне и додаде:

„Сепак, навистина би сакала уште еднаш да ја отворам стартната порта за да се збогувам со овој свет што го сакам и обожавам и да ги поздравам сите. Ќе ве известам каде и кога. Ќе се видиме наскоро“, напиша Италијанката.

Федерика Брињоне се натпреваруваше во велеслалом, супервелеслалом, спуст и алпска комбинација. Таа е првата Италијанка што го освои Големиот кристален глобус.

Тоа беше во сезоната 2019/20, додека пет години подоцна таа додаде уште една победа во генералниот пласман на Светскиот куп. Кога станува збор за мали глобуси, таа освои два во велеслалом и по еден во супервелеслалом, спуст и алпска комбинација.

Брињоне доживеа ужасна несреќа за време на тренинг во Вал ди Фаса во април 2025 година. Потоа претрпе повеќекратни скршеници на левата нога (тибија и фибула), заедно со оштетување на лигаментите. Сепак, таа успеа да се врати за Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина.

Таму ги освои златните медали во супервелеслалом и велеслалом, дисциплина во која освои и сребро во Пекинг 2022 и бронза во Пјонгчанг 2018. Меѓу нејзините олимписки медали, таа има и бронза во алпска комбинација од Пекинг.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
3.5 ° C
3.5 °
3.5 °
82%
1m/s
99%
Wed
5 °
Thu
11 °
Fri
13 °
Sat
9 °
Sun
4 °

Поврзани написи

Хамилтон тврди дека немал поддршка: Можев да бидам шампион

Британецот Луис Хамилтон тврди дека можел да биде...

Возилата паркирани на тротоарите го отежнуваат чистењето

Иако работниците на JKП „Тетово“ се на терен и...

Артета: Ни недостасува среќа да го „убиеме“ натпреварот

Арсенал одигра 1:1 на „Емирати“ против Борусија Дортмунд...

(Видео) Арсенал и Сити не победија, Реал за полувреме го растури ПСВ

Премиер лигашите Арсенал и Манчестер Сити не успеаја...