(Видео) Алавез во Мадрид ја прекина победничката низа на Реал

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Алавес го победија Реал во Мадрид со 2:1, во натпреварот од 14-то коло на Ла Лига. Екипата од Баскија ја прекина серијата на Реал од 10 победи во сите натпреварувања.

Големо изненадување на стадионот „Бернабеу“ го режираа Тони Мартинез во 22-та минута и Анхел Перез во 61-та минута, додека единствениот гол за „кралскиот клуб“ го постигна Килијан Мбапе во 69-та минута.

Џуд Белингам доби втор жолт картон во 88-та минута поради симулирање пенал, и тогаш беше јасно дека Реал нема да избегне пораз.

Екипата на Жозе Мурињо е трета на табелата со 33 бода, еден помалку од Атлетико и три од Барселона, која гостува кај Депортиво во недела.

Алавес поведе во 22-та минута, кога Мартинез ја искористи грешката на Хујсен, го заобиколи Куртоа и ја затресе мрежата.

Домашниот тим се обиде да израмни пред полувремето, но Белингам и Винисиус не беа прецизни, додека ветувачкиот удар на Мбапе беше блокиран.

Ребач постигна спектакуларен гол во 49-та минута, но тој беше поништен поради минимален офсајд.

Сепак, гостите го дуплираа водството во 61-та минута. Анхел Перез го искористи додавањето на Маријано Дијаз, но и уште една лоша интервенција на Хујсен и со тоа создаде огромен проблем за Реал.

Најчесто, Реал се закануваше по центаршути и шутеви од далечина, а резултатот го намали Мбапе во 69-та минута.

Домашниот тим продолжи да напаѓа, се чинеше дека Белингам изнуди пенал во финишот, но судијата Сото Градо, откако го погледна ВАР видеото, реши да му покаже жолт картон за симулирање и да го исклучи од играта.

Алавес славеше во Мадрид исто како пред шест години и моментално е осми со 19 бода, исто колку и Билбао и Севилја.



Преземено од: TopSport

Tetovo
light snow
-0.4 ° C
-0.4 °
-0.4 °
92%
1m/s
100%
Sun
0 °
Mon
1 °
Tue
2 °
Wed
5 °
Thu
8 °

Поврзани написи

Кошаркарките на Вардар и по шестото коло со максимален ефект

Кошаркарките на Вардар ја продолжија победничката серија во...

(Видео) Кошмарна ноќ за Лејкерси – Дончиќ беше нападнат од навивач

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од...

(Видео) Палмеирас преку Естудијантес се искачи на јужноамериканскиот трон

Фудбалерите на Палмеирас го освоија Копа Либертадорес, откако...

(Видео) Нов срам на „Олд Трафорд“, Јунајтед уште еднаш поразен

Манчестер Јунајтед продолжува да изгледа мизерно. Во првиот...

Баерн со играч помалку запрен во Хамбург

Актуелниот германски шампиоин, Баерн Минхен не успеа да...