Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Се интервенира и од копно и од воздух врз девет активни пожари во Македонија. Најкритични се пожарите во околината на  Чашка. Главоболка на пожарникарите им создаваат и жариштата на Серта кои денеска повторно се активираа.

Огнените стихии и во Македонски брод, Кавадрци и Градско се проценуваат како приоритетни

Во меѓувреме српските пилоти и припадници на МВР се спакуваа и си заминаа. Им заврши петдневната мисија во Македонија во гаснењето на пожарите. Беа од голема помош, пилотите гаснеа во повеќе делови со српскиот ѕвер.

– Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево, соопшти МВР на Србија.

Најавените врнежи од дожд во текот на следната недела претставуваат надеж за службите дека ќе изгаснат барем неколку пламени јазици низ државата.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...